BONELL жичано јадро
Ова е класичен и веројатно најпознат систем на полнење на душек со жичано јадро.
Bonell опругите се конусни, со помал дијаметар на средината одколку на краевите. Одредени опруги се спојуваат во низа, со спирално поврзување оформувајќи жичано јадро. Секоја опруга е дополнително зајакната со здебелување на одредени делови, со цел за заштита од прекршување и зголемување на еластичноста на самото полнење. Системот на Bonell јадро е основен систем на жичано јадро, кој овозможува комфорно и ергономско спиење.
За детални информации на полнењето на душеците кликнете на истите.
Џепесто жичано јадро
Овој тип на жичано јадро се состои од високо-квалитетни пружини обвиткани во засебни антистатички облоги, поврзани меѓусебно, на таков начин да се независни едни од други, во однос на реагирање на притисок и непренесување на истиот. Тоа значи дека јадрото, односно душекот реагира на притисок точно таму каде е извршен истиот не пренесувајќи го воопшто. Џепестото жичано јадро се карактеризира со трајна еластичност и овозможува целосно ергономска потпора во било која положба на телото. Одредени душеци од овој тип се збогатени со Doble-decker јадра, односно спој од две џепести жичани јадра, од кои едното е вертикално, другото хоризонтално поставено. Ова јадро го зголемува максимално квалитетот на поставеноста на р'бетот при спиење, и од медицински аспект се најпрепорачаните полнења за душек, за секого, а најпрепорачливи за луѓето со проблеми со грбот и р'бетот.
За детални информации на полнењето на душеците кликнете на истите.
DIAMANT
ГЕЛ Душеци
Техногелот е супериорен материјал, поради единственоста на распределба на притисокот по сите 3 оски, што е уникатна карактеристика на водените кревети. Заради инзворедната стерилност, флексибилност, еластичност и абсорбција на притисокот има анти-декубитално дејство. Техногелот е инзворедно термо-сензитивен материјал, така што ја одржува оптималната топлина на телото во текот на спиењето. Техногелот е ПУР еластомер, што е апсолутно и потполно нетоксичен материјал, кој заради својата специфична површина во потполност е стерилен, односно целосно го спречува развојот на габи, бактерии или било какви други микроорганизми. Освен овие карактеристики, Гел душеците се ектремно издржливи и го осигуруваат квалитетот на спиењето низ долга низа години.
GELSPRING
HR пена
HR пената е нов високо-квалитетен материјал, кај кој со новата технологија на изработка базирана на вода, се постигнати одлични резултати во однос на неговите својства и нивно подобрување. HR пената овозможува изворедна удобност и еластичност, здрава микроклима, долготрајност, добра отпорност на пламен и можност за рециклирање. Таа е мекана на допир, но истовремено претставува одлична потпора на телото. Ги задоволува сите ергономски и стандарди на квалитет.
За детални информации за полнењето на душеците кликнете на истите.
LATEX
Душеците со полнење Латекс, имаат голема предност во однос на другите душеци, пред се заради нивната ортопедска подршка на телото како и големата долготрајност, кои се темелат врз својствата на самиот латекс. Овие душеци се изработени од најчистата форма на латекц, што е млечно бела материја која е изработена од дрво на зрел каучок, со највисока технолошка обработка на истиот. Дополнителни својства кои ги имаат овие душеци се висок степен на флексибилност, еластичност и анти-алергиски својства.
За детални информации за полнењето на душеците кликнете на истите.
PARTNER Душеци
Линијата на партнер душеци подразбира душеци од највисок квалитет со повеќе- зонски јадра, односно комбинирано полнење.
За детални информации за полнењето на душеците кликнете на истите.
Роловани душеци
За детални информации за полнењето на душеците кликнете на истите.